На Солскјер не му останаа многу напаѓачки опции за дуелот против Лајпциг

Единсон Кавани и Ентони Марсијал ќе го пропуштат утрешното гостување на Манчестер јунајтед кај Лајпциг во последното коло од Лигата на шампионите.

Оле Гунар Солскјер поради ситни повреди нема да смета на двајцата голгетери за дуелот во кој неговата екипа ќе треба да го осигура пласманот во нокаут фазата.

Така норвешкиот стратег остана со само тројца напаѓачи кои ќе може да ги користи, тоа се Маркус Рашфорд, младиот Мејсон Гринвуд и Одион Игало, нигерискиот голгетер кој сезонава запиша само 157 минути во сите натпреварувања.

По пет кола во групата Х, Јунајтед е лидер со девет бода, но исто толку имаат и Лајпциг и ПСЖ, додека Башакшехир е последен со три бода.

- Оглас -

Најнови вести