Според извештајот на Шпанската опсерваторија за расизам и ксенофобија, мерењата на омразата на социјалните медиуми покажале дека „победник“ е Ламин Јамал.
Играчот на Барселона добива дури до 60% од навредите на социјалните медиуми. На второ место е Винисиус. Играчот на Реал Мадрид добива 29% од навредите, по него следува Мбапе со 3%. Потоа следуваат други играчи, како Нико Вилијамс, неговиот брат Ињаки, Балде и Брахим, кои добиваат по 2% од истата таа омраза. Овие се играчи кои се со црна боја на кожата, освен случајот на Брахим, кој е белец, но прифати да игра за Мароко наместо за родната Шпанија.
Се мерела и омразата што тимовите во Ла лига ја добиваат на социјалните медиуми. Таму „шампион“ е Реал Мадрид со 34%, а Барселона е многу блиску зад него со 32%.
Изненадувачки, трет е Ваљадолид со 17 проценти, а потоа следуваат: Валенсија, Атлетик Билбао, Реал Сосиедад и Атлетико Мадрид.

