На Светското првенство во фудбал кое ќе се игра летово ќе има четири земји дебитанти, а таа листа може да се прошири и со Македонија.
Нашиот национален тим преку баражите може да се пласира на СП и да им се придружи на Узбекистан, Јордан, Капо Верде (Зелено’ртски острови) и Курасао како дебитанти на Мундијалите.
Освен Македонија, потенцијални дебитанти преку баражите се и Албанија, Косово, Суринам и Нова Каледонија. Познати се 42 учесника на СП, а останатите шест слободни места ќе се пополнат на 31 март. Во баражите, 22 земји, меѓу кои и Македонија, ќе се борат за пласман на СП. Нашиот пат до првенството во САД, Мексико и Канада води преку гостински дуели со Данска и потоа со Чешка или Република Ирска.

