На денешната трка за Големата награда на Белгија од Формула 1 шампионатот, фаворити за победа според квотите во Sport Life се Макс Ферстапен и Луис Хамилтон, но можни се изненадувања и непланирани работи ако за време на трката врне и има инциденти, безбедносно возило, често менување на гуми за дожд и суво, и слично.
На легендарната патека Спа Франкошамп која е долга 7 километри, може да се развијат големи брзини, има места за претекнување, но посебна привлечност има поради непредвидливоста на временските услови. Вчерашните квалификации се возеа на дожд, и пилотите имаа проблеми со контролата на болидите, а публиката го сака тоа.
Џоерџ Расел изненади со второто време, тој ќе биде покрај Ферстапен во првиот стартен ред. Добра трка може да се очекува и од Ландо Норис кој беше одличен на квалификациите до моментот на инцидентот, па ќе стартува од десетта позиција. Вчера потфрлија Валтери Ботас кој со својот моќен Мерцедес беше само осми, и пилотите на Ферари, но може да се поправат на денешната трка.