На Спартанците им треба победа од 3:0 против БиХ, коефициентот е 1.57 во Sport Life (Фото)

Македонија оди на нова победа против Босна и Херцеговина во Скопје, на вториот квалификациски турнир што може да нè однесе на Европското првенство идната година.

Од 18 часот пак ќе играме против селекцијата на Босна и Херцеговина, која ја победивме на првиот турнир со 3:1. Овојпат на популарните Спартанци им треба максимална победа од 3:0 за да го освојат второто место во нашата група и да се доближат до настап на ЕП.

Турција е неприкосновена и речиси сигурно ќе биде прва во нашата група, што носи и сигурен настап на европското првенство, а Македонија ја бара шансата да биде меѓу четирите најдобри второпласирани селекции од шесте групи за да игра повторно на големо натпреварување.

Моментно имаме победа против БиХ од 3:1 и идентичен пораз од Турција, па денеска од 18 часот за нас е клучниот меч за евентуален нов настап на ЕП.

Утре, исто така во Скопје, ќе играат Турција и БиХ, а ден подоцна е и последниот меч во нашата група и нов дуел меѓу лидерот Турција и Македонија.

Во сетот од 16 различни игри што ги нуди Sport Life за денешниот меч меѓу Македонија и БиХ, посебно интересен е точен резултат 3:0 за нашата репрезентација со коефициент од 1.57.

Токму таква победа ни треба за реална шанса да настапиме на нов континентален шампионат идната година, а вие можете да одберете најразлични игри со конечен тип, број на сетови, вкупно поени, хендикепи, прв сет, вкупно поени во првиот сет….

 

 

- Оглас -

Најнови вести