31.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

На Левски имаше најмногу гледачи во првото коло од европските купови

Натпреварот помеѓу Левски и Хапоел Бер Шева се покажа како најпосетениот од првото квалификациско коло од европските клупски турнири (Лига на шампиони, Лига Европа и Лига на конференцијата).

Според официјалните бројки, на стадионот „Георги Аспарухов“ во Софија, во четврток вечерта биле присутни 15.467 гледачи.

На второ место по посетеност во европските купови беше дуелот од Лигата на шампионите помеѓу ФЦСБ и Интер Клуб де Калдес, кој го гледаа 13.080 луѓе. Третата позиција припаѓа на натпреварот Железничар – Копер, на кој се собраа 12.847 навивачи. Во првите пет се наоѓаат и Легија Варшава – Актобе со 12.239 гледачи и Спартак Трнава – Хекен, а на трибините имаше 10.125 луѓе.

Ова се исто така единствените пет натпревари од првото прелиминарно коло кои привлекоа над 10.000 гледачи на трибините.

Вардар беше единствениот македонски клуб кој играше дома во првиот меч од Лига на конфедерации и собра преку 3.500 гледачи да ја прослават победата над Ла Фиорита. Шкендија која игра во квалификациите за ЛШ ремизираше кај ТНС, додека Силекс и Работнички загубија со по 2:0, односно 3:0.

- Оглас -

Најнови вести