На Светското клупско првенство ќе играат фудбалери од 81 земја, Македонци ќе нема

Новоформираното Светско клупско првенство кое го организира ФИФА почнува ноќта помеѓу сабота и недела, ќе учествуваат 32 тима, а нема да има ниту еден македонски фудбалер.

ФИФА објави дека на СКП ќе има играчи од 81 различна земја во светот, а, за жал, на списокот ја нема Македонија.

Најбројни ќе бидат Бразилците, вкупно 141 Бразилец има во 32-та тима. Потоа следуваат 103-ца Аргентинци, 54-ица Шпанци, 49-мина Португалци, 41 Мексиканец, итн.

- Оглас -

Најнови вести