На свој терен примија четири гола во првите 25 минути, следуваше експресен отказ за тренерот

Екипата на Саутемптон е „печена“ за испаѓање од англиската Премиер лига. По 16 одиграни меча, Саутемптон има само пет бодови и е убедливо последен на табелата во англиското елитно натпреварување.

На последниот меч одигран на домашен терен на стадионот „Сент Мери“, Саутемптон со 0:5 загуби од Тотенхем во меч на кој гостите уште во првите 25 минути го демолираа противникот. Гостите водеа со 4:0 по 25 минути игра, па дел од домашните навивачи решија да ги напуштат трибините. 

Челниците на Саутемптон реагираа по овој срамен пораз и решија да му дадат отказ на тренерот Расел Мартин.

„може да потврдиме дека ја раскинавме соработката со тренерот Расел Мартин. На почетокот на сезоната сите знаевме со каков предизвик ќе се соочиме додека се прилагодиме на темпото во најсилната лига во светот. ја користиме можноста да му се заблагодариме на Расел и неговиот стручен штаб за напорната работа во последните 18 месеци. Сите оние кои го сакаат Саутемптон ќе имаат многу убави спомени за тоа што го направивме минатата сезона“, стои во соопштението од клубот.

Досегашниот тренер на У21 тимот на Саутемптон, Симин Руск ќе биде прекомандуван како предводник на сениорскиот тим и тоа како привремено решение.

- Оглас -

Најнови вести