На Мајлс Бриџис, кошаркарот на Шарлог хорнетс, му се заканува затворска казна од 11 години и 8 месеци доколку биде прогласен за виновен во случајот за кој се гони за физичко насилство врз сопругата Мишел Џонсон.
Инцидентот се случи пред дваесетина дена, Мајлс ја претепал сопругата пред нивните две деца, по што случајот веднаш бил пријавен во полиција. Мишел ги објави повредите на социјалните мрежи, па доколку Судот пресуди во нејзина корист по завршување на истрагата, може да му ја заврши кариерата на Бриџис.
Кошаркарот на Шарлот летово требаше да потпише нов договор вреден 60 милиони евра, но сега на само 24 години кариерата му е под закана.