Реал Сосиедад во моментов е најдобриот тим од Баскија во шпанската Ла Лига, а вечерва во директен дуел со главниот конкурент Атлетик Билбао го потврди приматот.
На култната „Аноета“ играчите на Реал Сосиедад убедливо славеа со 3:1 со головите на Александер Сорлот, Такефуша Кубо и на Микел Ојарзабал.
Особено атрактивен беше голот на Кубо за 2:0 во првото полувреме.
Единствениот гол за Атлетик го постигна Ојхан Сансет во 40. минута, во тој момент за намалување на 2:1 за Реал Сосиедад.
Тимот од Сан Себастијан е на третото место со 35 бода од 17 натпревари, само зад Барселона со 41 бод и Реал Мадрид со 38, а вечните шпански ривали имаат и еден меч помалку од Реал Сосиедад.
Атлетик е на осмото место со 26 бода.