На тетовските тимови им тргна со „Баба Марта“

Шкендија ја совлада Македонија Ѓорче Петров со 4-1, и се врати на осум бода минус во однос на лидерот Вардар, со што трката за титулата во македонското фудбалско првенство продолжува без опуштање. Омер Имери кој беше двоен стрелец, беше јунак на Шкендија.

Академија Пандев и Борец одиграа без голови, бод кој може да им значи на велешани во битката за опстанок, а струмичани ја прекинаа црната серија порази.

Најинтересно беше на Чаир, каде што Шкупи водеше со 1-0, па прими три гола и доби два црвени картони, но успеа и со двајца помалку да намали на 2-3, но не успеа да изедначи и да освои бод против Ренова. Кадриу даде два гола за Гипсарите, а особено атрактивен беше првиот, со кој израмни на 1-1.

Средбите се играа без присуство на публика. После 21 кола, Вардар е лидер со 43 бода, Шкендија има 35, Силекс 32, Македонија ЃП 29, Академија Пандев 28, Шкупи, Струга и Ренова по 25, Работнички има 22, а Борец е последен со 21 бод.

- Оглас -

Најнови вести