Њукасл и Астон Вила имаат фантастичен почеток на дерби пресметката во првото коло од Премиер лигата и по само десет минути игра и двата тима дадоа по еден гол.
Најзаслужен за фуриозниот старт на Њукасл е најскапото засилување во историјата на тимот, Сандро Тонали, на кого му беа потребни само шест минути за да ги воодушеви навивачите.
Радоста на навивачите на Њукасл, траеше само четири минути, бидејќи Астон Вила преку Диаби успеа да дојде до израмнување.