Тони Крос е еден од оние фудбалери кои решија да се пензионираат од активно играње кога беа во врвот на својата кариера. Со пет освоени трофеи во Лигата на шампионите, Крос се повлече на 34 години и сега од страна ги следи најактуелните случувања. Германецот вели дека не е многу задоволен од фактот дека на Светското првенство ќе учествуваат дури 48 репрезентации затоа што има репрезентации кои немаат ист квалитет.
„Јас сум против овој формат на 48 репрезентации на Светското првенство. Со толку многу селекции ќе видиме многу натпревари кои ќе завршуваат со резултат 5:0 во групната фаза. Тоа не се мечеви кои навивачите ќе сакаат да ги гледаат. Мене ме интересира добар, квалитетен фудбал, во кој ќе уживаме да го гледаме. Не уживам кога резултатот е 5:0 или 6:0“, вели Крос.
Некогашниот играч на Реал Мадрид вели дека неговата Германија, но и рекордерот по бројот на титули, селекцијата на Бразил не ги гледа во групата на Топ 5 фаворити.
Светското првенство во 2026 година ќе се игра во САД, Канада и Мексико во период од 11 јуни до 19 јули. Актуелен планетарен владетел е селекцијата на Аргентина.

