На тренинг на Реал се појави лик кој предизвикува радост кај фановите

Реал Мадрид ќе мора да продаде или позајми најмалку уште 6-7 играчи бидејќи денеска тимот имаше на располагање дури 28 фудбалери, сосе повредените кои не тренираа. Добра вест за Зинедин Зидан е што се приклучија Бразилците Каземиро и Едер Милитао, како и Уругваецот Федерико Валверде, но фановите најмногу се израдуваа кога на тренинг го видоа Хамес Родригес.

 

Колумбиската ѕвезда две години се немаше видено со Зидан. Хамес како позајмен играше за Баерн Минхен, Зизу повторно не смета на неговите услуги, но можеби ќе се премисли по повредата на Марко Асенсио и евентуалната продажба на Иско и Лукас Васкес.

За Родригес се интересираат Атлетико Мадрид и Наполи, но засега тој е член на Реал и ќе се обиде да го убеди Зидан дека му е потребен во тимот, како што мислат и фановите.

- Оглас -

Најнови вести