27.8 C
Skopje
четврток, 4 септември 2025

На три меч топки за противникот, го одигра еден од најдобрите поени сезонава (Видео)

Пабло Куевас беше елиминиран уште во првото коло на тенискиот турнир во Умаг, но потегот кој го направи на дуелот против Филип Мисолиќ, дефинитирно е еден од најатрактивните за оваа сезона.

Куевас кој во минатото беше и на 19 место на АТп листата, а сега е на 812 позиција, губеше со 5:7, 2:5, а Мисолиќ имаше три меч топки, кога се случи магичен потег. Искусниот 37-годишен Уругваец имаше чиста позиција да смечува за да освои поен, но тој реши на необично атрактивен начин да го заврши поенот и предизвија овации на трибините.

Неколку моменти подоцна и го загуби дуелот, но останува поенот да се памти.

https://twitter.com/i/status/1683543969119207424

- Оглас -

Најнови вести