Комплетното 10 коло од кошаркарската прва македонска лига се игра денеска и сите шест меча ги има во понудата на Sport Life. Интересно е дека на три дуели има аксолутни фаворити каде нема дилеми кој ќе победи и единствена неизвесност ќе биде дали разликата ќе биде преку 20 поени.
ТФТ Скопје е домаќин на Охрид кој е последен на табелата со само една победа и дури осум порази. На последните седум меча, Охрид стандардно губи со преку 20 поени разлика, па ТФТ иако е во низа од четири порази (два во првенството и два во АБА 2 лига), овојпат е апсолутен фаворит.
Нема дилема дека и Пелистер иако игра на гости, ќе слави над ФМП Академија, која е претпоследна на табелата со само две победи. Интересно е дека хендикепот за триумф на Охрид и Пелистер е на иста граница и изнесува 23,5 поени.
Актуелниот првак МЗТ Скопје Аеродром ќе гостува на Вардар и тука хендикеп границата за „двојка“ е дури на 28,5 поени.
Во оние мечеви на кои може да се очекува некаква неизвесност, Работнички дома игра против Феникс, Кожув во Гевгелија е домаќин на Гостивар, а најинтересно може да биде во Чаир, каде домашниот тим има перфектен биланс на свој терен од пет победи, но сега не е фаворит во дуелот против Еуро Никел.