На три меча вечерва во ЛШ однапред „се знае победникот“

6001 Галатасарај – Манчестер јунајтед (18.45 часот)

Галатасарај победи во Манчестер, но нема да му биде едноставна задачата да го повтори успехот. Што и да се случи, Галата ќе остане со шанси за осминафинале, а Јунајтед не смее да загуби бидејќи така ќе испадне. Кај Јунајтед долга е листата на повредени, а суспендиран е Рашфорд. Црвените ѓаволи последниот нерешен резултат го имаа уште во април. Манчестер трипати гостувал кај Галата во Истанбул во минатото и сите тие мечеви биле со 0-1 гол.

Предлог тип: Х2 & 1-3 (2.65)

 

6003 Арсенал – Ленс (21.00 часот)

Арсенал со победа ќе го запечати првото место во групата и веруваме дека нема да ја испушти шансата. Топчиите може да го потврдат првото место и со реми, ама така ќе им треба и ПСВ да не победи во Севилја. Ленс и со пораз може да остане во игра за второто место, но не смее ПСВ да ја совлада Севилја. Во октомври во Франција, Ленс го изненади Арсенал со 2-1. Ленс викендов во меч од лигата славеше на гости со 3-0, но Клермон и Арсенал не се исто ниво.

Предлог тип: 1 & 2-5 (1.77)

 

6008 Бенфика – Интер (21.00 часот)

Бенфика е во аут, во првите четири кола претрпе четири порази и има дадено само еден гол. Интер се бори со Реал Сосиедад за првото место, па тимот од Милано има многу поголеми мотиви. Последниот пораз на Интер беше на 27 септември. Интер викендов одигра 1-1 на гости кај Јувентус. Интер во минатата сезона, кога гостуваше во Лисабон, славеше со 2-0, а во нивниот прв меѓусебен дуел сезонава во Милано, Нераѕурите победија со 1-0.

Предлог тип: Х2 & 0-3 (2.07)

 

6005 Реал Мадрид – Наполи (21.00 часот)

На Реал му треба бод за да го освои првото место во групата, а Наполи со победа во Мадрид сигурно оди во осминафиналето. Реал славеше со 3-2 во Неапол, па важи за фаворит и вечерва кога ќе игра дома, но Кралскиот клуб има многу повредени играчи, без Чуамени, Камавинга, Модриќ и Винисиус секако се послаби отколку со нив. Двата тима имаа успешна генерална проба, викендов победуваа во своите лиги. Реал на „Бернабеу“ не загубил од 8 април наваму.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.82)

 

6007 Реал Сосиедад – Салцбург (21.00 часот)

Австрискиот тим Салцбург со освојување на еден бод би обезбедил место во Лигата на Европа, од друга страна, Шпанците се тркаат со Интер за прво место во групата. Сосиедад е посилен тим и би требало да го искористи домашниот терен, па во последното коло во Милано да решава кој ќе биде прв. Реал Сосиедад победи и во Салцбург со 2-0, кога играа меѓу себе во октомври, прашање е само што да се додаде покрај кецот.

Предлог тип: 1 & 1+ пол. (1.86)

- Оглас -

Најнови вести