На три од четирите дерби-пресметки во новото коло на Спортска прогноза домаќините се големи фаворити

Новото 24-то коло на Спортска прогноза кое е во тек носи четири големи дерби-пресметки од петте најсилни европски лиги, две се од Премиер лигата и по едно од Бундеслигата и Серија А, а само еден ден откако започна прогнозирањето, веќе се наѕираат фаворитите, како на овие дуели така и на останатите парови.

Новото коло започнува со големото дерби во Премиер лигата меѓу екипите кои во последните години беа единствени фаворити за титулата, Манчестер сити и Ливерпул. Но, сезонава ситуацијата е поинаква, Арсенал е лидер на табелата, Сити го брка, додека Ливерпул игра очајно и постои шанса дури да не обезбеди пласман во Лигата на шампионите.

Прогнозерите убедлива предност му даваат на Манчестер сити и дури 79,22 отсто сметаат дека ќе слави в сабота. Второто дерби во Премиер лигата се игра в недела, на „Сент Џејмс парк“, каде што Њукасл го пречекува Манчестер јунајтед.

Ова е дуел на петто и третопласираниот тим на табелата, а прогнозерите засега повеќе му веруваат на Манчестер јунајтед (53,42 отсто) отколку на Њукасл (19,18).

Во Бундеслигата се игра најголемото дерби во германскиот фудбал, популарниот Класикер меѓу Баерн Минхен и Борусија Дортмунд. И тука прогнозерите веруваат дека домаќинот ќе слави (78,31 отсто), иако на клупата на Баерн Минхен ќе дебитира Томас Тухел. Лидерот на табелата, Борусија Дортмунд, според прогнозерите нема никакви шанси (7,76 отсто).

Четвртото големо дерби на 24-тото коло од Спортска прогноза е дуелот меѓу Наполи и Милан. И тука поголеми шанси за победа има лидерот на табелата Наполи, кому му се насмевнува трета титула во Сеирја А (65,75 отсто). Интересно е што повеќе шанси се дава дека натпреварот ќе заврши нерешено (19,41 отсто) отколку дека Милан ќе победи (14,84 отсто).

Со свои прогнози може да се приклучите до сабота до 13.30 часот, кога почнува првиот меч од основната понуда, па процентите може и да се сменат.

Играта е бесплатна во организација на Спорт Манија и Sport Life и нуди убави подароци за најдобрите прогнозери.

За погодена Тринаесетка ви следува одлична премија, а најдоброто е што сами си одбирате меѓу три понудени варијанти:

Смарт ТВ самсунг 55” 4K

Xiaomi електричен тротинет

X Box Series X

Во играта што е многу едноставна и е без трошоци за учесниците се наградуваат и утките. За една утка, Sport Life ќе ви додели ваучер од 1.000 денари, а со погодени 11 меча ви следува ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести