На три секунди до крај Работнички водеше и имаше слободни, а загуби од тимот на Марин Докузовски

МКК Куманово го победи Работнички со 85-83 во меч од првата кошаркарска лига кој имаше неверојатен финиш.

На 4 секунди до крајот, при 83-82 за Работнички, домашните направија фаул над Стојан Ѓуроски. Репрезентативецот застана на линијата за слободни фрлања, но ги утна двата пенали. Топката се најде во рацете на центарот Урош Луковиќ кој немаше што друго да направи освен да ја фрли далеку напред, и успеа од огромна далечина да постогне луда тројка за победа на кумановци чиј тренер е Марин Докузовски, човекот кој на Работнички му има донесено најмногу титули.

Тројката на Луковиќ е „невидена“, бидејќи во финишот на средбата се прекина преносот во живо и јавноста не може да види што точно се случило во салата „Перо Наков“.

- Оглас -

Најнови вести