На трите досегашни трки од новата Формула 1 сезона победуваа различни возачи во квалификациите, Ландо Норис, Оскар Пиастри и Макс Ферстапен, но на денешните квалификации фаворитската улога ја има Ландо Норис.
Квотата за освојување на пол-позицијата за ГН на Бахреин за возачот на Мекларен, Ландо Норис, е 2.20, но слична квота има и неговиот совозач, Оскар Пиастри, 2.25.
Следува актуелниот светски шампион Макс Ферстапен со квота од 8.00, а веднаш позади него е Џорџ Расел со 8.50.
Квотите се уште поголеми за комбинацијата победник во квалификациите и победник на главната трка, а и тука фаворит е Ландо Норис со квота од 2.90.
Најголемите квоти се „тројната“ победа, во квалификациите и на главната трка, но и за најбрз круг. Квотата за ваков подвиг на Ландо Норис е 7.50, а после него следува Оскар Пиастри со квота од 11.00, додека Ферстапен има фантастична квота од 50.00.