21.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

На Црвена ѕвезда ѝ се даваат едвај 18 отсто шанси да игра во групата на Лигата на шампионите

Црвена ѕвезда беше изненадена и со 1:2 загуби на свој терен од Пафос во првиот меч од плејофот за пласман во групната фаза во Лигата на шампионите. Српскиот првак беше фаворит на хартија, но Пафос уште по 38 секунди даде гол и најави дека е дојден да победи во Белград.

На крајот кипарскиот првак славеше со 2:1 и само потврди дека е во неверојатна форма. Пафос има четири победи и едно реми во квалификациите од ЛШ, а според пресметките, сега има дури 82 отсто шанса да игра во групната фаза.

За Црвена ѕвезда остануваат само 18 отсто шанса да игра во групата од Лигата на шампионите. Српскиот првак да го направи тоа ќе мора да победи на гости во Никозија.

Од вчерашните први дуели во плејофот, Бриж и Карабах се речиси сигурни патници во групата од Лигата на шампионите. Бриж со 3:1 славеше на гости кај Глазгов ренџерс и сега има 98 отсто шанси да оди меѓу најдобрите 36 екипи во Европа.

Со 3:1 на гости победи и Карабах кај Фенербахче и азербејџанскиот тим сега има 92 отсто шанси да оди во групата од ЛШ.

- Оглас -

Најнови вести