На турнирот во Женева: Новак Ѓоковиќ победи по пауза од речиси два месеци

Новак Ѓоковиќ ја забележа првата победа по пауза од речиси два месеци, односно после точно 54 дена. Србинот со победа го започна настапот на турнирот во Женева, а во осминафиналето беше подобар од унгарскиот тенисер, Мартон Фучович, со максимални 2-0.

На Ѓоковиќ му беа потребни само 75 минути за да дојде до победата со 6-2 и 6-3 по сетови. Противник на српскиот тенисер во четвртфиналето ќе му биде Италијанецот Арналди, од кого загуби на турнирот во Мадрид пред еден месец со 2-0.

Последната победа за Новак Ѓоковиќ беше над бугарскиот тенисер Димитров во полуфиналето на турнирот во Мајами на 28-ми март.

- Оглас -

Најнови вести