На Удинезе му треба победа, но би се задоволил и со бод

3010 Лече – Удинезе (18.30 часот)

Ова е меч кој е многу значаен за двата тима, особено за Удинезе, кому му гори под нозе и се наоѓа во зоната на испаѓање. И да загуби, Удинезе би имал шанси за опстанок, но тие би биле многу помали отколку ако победи. Удинезе има само четири победи сезонава, последната пред два месеца, но има дури 18 ремија, а и Лече е тим кој има многу нерешени резултати (13). Лече со бод и дефинитивно се спасува. На последните четири нивни дуели во Лече секогаш било со 0-2 гола, а последен пат било нерешено во 2008 година.

Предлог тип: Х2 & 1-3 (2.20)

 

2608 Гетеборг – Малме (19.10 часот)

Малме сезоната ја почна со шест победи по ред, а во претходното, седмо коло загуби. Малме има дадено 19 гола на седум меча, а примено четири, од кои три во минатото коло против Елфсборг. Гетеборг е во долниот дел на табелата со 7 бода во седум кола и гол-разлика 7-9. Малме победи на три од последните четири гостувања кај Гетеборг, а историјатот на меѓусебните дуели покажува дека нема да има повеќе од три гола.

Предлог тип: 2 & 0-3 (2.45)

 

3009 Фиорентина – Монца (20.45 часот)

Монца одамна нема победено и тоа може да покаже дека нема амбиции да игра во европските купови, иако уште има шанса, особено ако победи денеска. Виолетовите се во финале на Конференциската лига и се тим кој има повеќе победи и порази од ремија. Со победа, Фиорентина би избила на осмо место и се чини дека реално тоа ѝ е највисоко што може да заврши. Овие два тима трипати играле меѓу себе, двата тима имаат по една победа и еднаш било нерешено, а никогаш не било 0-0.

Предлог тип: 1 & 2-4 (2.45)

 

1102 Астон вила – Ливерпул (21.00 часот)

Тимот од Бирмингам е во криза, нема победа уште од 21 април, но ако победи вечерва, дефинитивно ќе игра во Лигата на шампионите следната сезона. Ливерпул е трети и не може да оди ни погоре, ни подолу на табелата. Ова се ефикасни тимови кои имаат просек од над два гола по натпревар. Последната победа на Вила над Црвените беше во октомври 2020, и тоа со резултат 7-2. Клоп го памети тоа и затоа вечерва нема да има попуст за домашните.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.75)

 

1310 Барселона – Реал Сосиедад (21.00 часот)

Барса има прилика да се врати на второто место, а во тоа ќе успее ако победи. Сосиедад е седми и може да игра или во Лигата на Европа или во Конференциската. Тие се тим со помалку примени голови од Барселона, но Каталонците имаат многу поубиствен напад. Последните четири меча на Барса во сите натпреварувања беа со 5+ гола. Во минатата сезона, кога исто така се играше во мај, Сосиедад како гостин ја совлада Барселона, тогаш на „Камп ноу“, а Барса го доби последниот дуел во ноември, кога во Сан Себастијан славеше со 1-0 со гол во 92-рата минута.

Предлог тип: 1 & 1+ пол. (2.35)

- Оглас -

Најнови вести