На улица не се плаши од силеџии со нож, а на терен бега од топката (Видео)

Иако играше на свој терен, Арсенал немаше шанси во дуелот против Манчестер сити. Граѓаните победија во Лондон со 3:0, а сите погодоци беа постигнати уште во првото полувреме, а во вториот дел само рутински ја задржаа предноста.

Навивачите на Арсенал беа разочарани од играта на своите миленици, а како еден од виновниците го наведоа Сеад Колашинац. Босанскиот интернационалец, кој пред неколку месеци беше херој откако со голи раце им се спротистави на двајца вооружени напаѓачи, овојпат е страшливецот поради кој Топчиите го примиле првиот гол.

При шутот на Кевин де Бројне, Колашинац беше на гол-линијата, но едноставно се наведна, а топката заврши во мрежата. На социјалните мрежи се појавија повеќе коментари поради оваа реакција на Колашинац, а еден навивач на Арсенал напиша: „Колашинац на улица може со голи раце да им се се спротивстави на напаѓачи, но не може да застане пред топката“.

 

- Оглас -

Најнови вести