На урнебесен начин го објавија списокот на играчи за ЕП: Без Шкотска нема забава (Видео)

Селекторот на фудбалската репрезентација на Шкотска, Стив Кларк, денеска го објави поширокиот список од 28-мина играчи за Европското првенство во Германија, а на официјалниот профил на социјалната мрежа „Икс“, Федерацијата објави интересно и оригинално видео за повиканите фудбалери.

Во описот на видеото стои „Без Шкотска нема забава“.

 

Шкотска се наоѓа во групата А заедно со селекциите на Германија, Швајцарија и Унгарија и на 14 јуни, во дуелот со домаќинот на ЕП ќе го отвори континенталниот собир.

Селекцијата на Шкотска досега на 11-те настапи на Европските првенства не успеала да ја помине групната фаза.

Список на повикани фудбалери:
Голмани: Ангус Ган (Норич), Зандер Кларк (Хартс), Крег Гордон (Хартс), Лијам Кели (Мадервел).

Одбрана: Енди Робертсон (Ливерпул), Киран Тирни (Реал Сосиедад), Џек Хендри (Ал-Етифак), Рајан Портеус (Ватфорд), Лијам Купер (Лидс), Скот Мекена (Копенхаген), Грант Хенли (Норвич), Грег Тејлор (Селтик), Џон Сутар (Ренџерс), Ентони Ралстон (Селтик), Рок Мекрори (Бристол).

Среден ред: Калум Мекгрегор (Селтик), Рајан Кристи (Борнмут), Били Гилмор (Брајтон), Џон Мекгин (Астон вила), Кени Меклејн (Норич), Скот Мектомини (Манчестер јунајтед), Стјуарт Армстронг (Саутхемптон), Рајан Џек (Ренџерс).

Напад: Линдон Дајкс (КПР), Че Адамс (Саутхемптон), Лоренс Шенкленд (Хартс), Бен Доук (Ливерпул), Џејмс Форест (Селтик).

- Оглас -

Најнови вести