На Вардар му фали уште само една петка од тешкиот испит со Академците на Пандев

На Вардар му фали само уште една одлична претстава и победа за супер прв круг од сезоната во домашното првенство. Денеска од 15 часот лидерот на табелата ќе биде на вистински испит, кој треба да го положи со петка, против второпласираната екипа во првенството, Академија Пандев.

Вардарци играат и за уште една петка, односно ќе се обидат по петтипат по ред да останат непоразени во дуелите со струмичани, а триумф им носи супер комоција на чело на табелата по првиот од четири предвидени круга во домашниот шампионат. Најтрофејниот македонски клуб има шанса со успех денеска да остане единствената непоразена екипа во ПМФЛ.

На распоред е деветтото коло, последно од првата четвртина од ПМФЛ, а во Скопје во истиот термин ќе се играат уште два интересни дуели.

Во Чаир, Шкупи со новиот тренер, турската фудбалска легенда Умит Каран го чека на мегдан Работнички, додека во Ѓорче Петров разбудената Македонија ќе и биде домаќин на Победа.

Локално дерби ќе се игра и во Тетово, меѓу шампионот Шкендија и Ренова, а во Струмица како домаќин Беласица ќе атакува на трите бода против Силекс.

По ова коло следува пауза со настапи на македонската репрезентација, а вториоо круг од домашниот шампионат ќе почне на 21. октомври со десеттото коло.

Двојки, 9. коло, 15. часот, денеска:

Вардар – Академија Пандев

Шкупи – Работнички

Македонија Ѓ. П. – Победа

Шкендија – Ренова

Беласица – Силекс

 

Табела: Вардар 20, Академија Пандев 16, Шкендија 15, Победа 11, Ренова и Работнички по 10, Беласица 9, Македонија Ѓ.П. 7, Силекс 6, Шкупи 5.

- Оглас -

Најнови вести