Планираниот ракометен турнир во Кањижа, Србија на кој требаше да учествува и европскиот првак Вардар е откажан, па сега на „црвено-црните“ им остана само традиционалниот турнир во Струга како тест пред стартот на новата сезона.
Во Србија има зголем број на нови случаи со Ковид-19, па организаторите објавија дека го откажуваат ракометниот турнир на кој требаше да играат и ПИК Сегед и Нексе.
Токму Нексе треба да биде првиот ривал на Вардар во новата сезона, а интересно е што тој меч е заостанат од актуелниот циклус натпревари во СЕХА лигата..
Треба да се игра во Скопје на 29. август и победникот ќе патува на завршнито турнир на четири екипи кои ќе се борат за титулата.
Претходно Вардар ќе учествува на турнирот во Струга од 12. до 16. август.
„Не информираа дека турнирот во Кањижа е откажан поради влошената ситуација во Србија со Ковид-19. И во такви услови ние продолжуваме да се подготвуваме за дуелот со Нексе во СЕХА лигата и ја темпираме формата за настап на завршниот турнир во Регионалната лига“, објавија од Вардар.