24.8 C
Skopje
петок, 18 јули 2025

На Вардар му се даваат само 14 проценти шанси да ја елиминира Лозана

Симулаторот на платформата за фудбалска статистика ФМД, ги пресмета шансите на тимовите од второто коло во квалификациите за Конференциската лига за пласман во третата рунда.

Таму единствен македонски претставник е Вардар кој ја мина првата рунда против Ла Фиорита од Сан Марино, но ќе има многу потешка пречка во второто коло, тоа е швајцарскиот претставник Лозана спорт.

Компјутерските симулации покажале дека Вардар има само 14 проценти шанси да ја елиминира Лозана, додека на Швајцарците им се даваат 86 отсто веројатност да одат понатаму.

- Оглас -

Најнови вести