Финалето од Лигата на шампионите се одигра вчера и му припадна на Реал Мадрид, додека денеска од 17:30 часот се игра најскапиот меч во историјата на фудбалот.
На легендарниот „Вембли“ стадион ќе се сретнат екипите на Хадерсфилд и Нотингем Форест во финалето од плеј-офот за тоа кој ќе обезбеди пласман следната сезона во Премиер лигата.
Ова е најскапиот меч во историјата на фудбалот бидејќи победникот со самиот пласман ќе обезбеди околу 200 милиони евра, додека ако успее во првата сезона да обезбеди опстанок, тогаш таа сума ќе надмине и 350 милиони евра, пари кои што ќе ги добијат во наредните три години.
Над 90 илјади фанови се очекуваат да дојдат на овој легендарен стадион во Лондон а според квотите на Sport Life, фаворитската улога ја имаат „шумарите“ за кои што квотата за триумф изнесува 2.25, додека за Хадерсфилд истата е 3.70.