На Тимо Вернер, големото засилување на Челзи и Френк Лампард, не му беше потребно многу време да почне да реди голови за новиот клуб. Германскиот голгетер по само три минути во контролката против Брајтон ја отвори сметката за Сините, а погодокот му беше еден од полесните кои ги постигнал во кариерата.
Зијех одигра висока топка дијагонално во противничкиот шетнаесетник, нафрлувањето го дочека Хадсон-Одои кој со глава му ја намести топката на Вернер пред самиот гол на Рајан, а овој без проблеми ја затресе мрежата.
https://twitter.com/Asfrancisoffi1/status/1299732191619035138
Сепак, тимот на Лампард не успеа да го сочува водството откако Брајтон во самиот финиш израмни на 1-1.
Во меѓувреме пријателски натпревар одигра Тотенхем со Бирмингем, во кој екипата на Мурињо славеше со минимални 1-0.