Макс Верстапен е на само еден чекор од суспензија од Формула 1 по уште една казна од ФИА што му беше изречена по инцидентот со Џорџ Расел во Шпанија. За време на рестарт на трката, Холанѓанецот се најде под притосок од неколку ривали кои беа зад него.
Шарл Леклер го престигна Верстапен на стартно-целната рамнина, додека Џорџ Расел направи одлучувачки маневар низ првата кривина. Верстапен беше истиснат широко во свиокот, а контактот со Расел го означи почетокот на драмата.
Ред Бул веднаш интервенираше – инженерот Џанпјеро Ламбиазе му нареди на Макс да му ја врати позицијата на возачот на Мерцедес. Верстапен формално го направи тоа на влезот во четвртата кривина.
Сепак, во петтата кривина се случи нов контакт – Макс, според судиите, намерно забрзал и удрил во автомобилот на Расел. За овој потег, тој доби временска казна од десет секунди, што го спушти од петтото место на последната позиција што носи поени – десеттото.
Едно е сигурно – следната трка за Верстапен нема да биде само борба за поени, туку и за опстанок во шампионатот.
A dramatic restart! 😱
This was a heart-in-mouth moment between Verstappen and Leclerc 👀#F1 #SpanishGP pic.twitter.com/xO8Qz3USJa
— Formula 1 (@F1) June 1, 2025
Но, временската казна не беше единствената санкција што ФИА ја подготви за Холанѓанецот. За предизвикување на судирот, на Макс Верстапен му беа доделени и три казнени поени на неговата супер лиценца. Со ова неговиот вкупен збир на казненни поени сега е 11.
Системот на Формула 1 диктира дека возачот кој ќе собере 12 казнени поени во период од 12 месеци автоматски му е забрането да се натпреварува во една трка.
Ова значи дека Верстапен сега е буквално само еден поен подалеку од таа суспензија. Со овој потег, ФИА јасно стави до знаење дека нема да толерира агресивни реакции, дури ни од повеќе шампиони.
Фрустрацијата на Верстапен беше очигледна – прво поради губењето позиции по рестартирањето, а потоа и поради тоа што му беше наредено да го пушти возачот за кого веруваше дека е одговорен за првичниот контакт да помине.
Оваа реакција го чинеше скапо, и сега секоја негова следна тркачка одлука ќе биде под посебен надзор. Доколку повторно се најде во сивата зона на однесување на една од следните трки, ФИА лесно би можела да повлече граница и да го суспендира.
Ваква ситуација ретко се гледа кај водечките возачи, особено во средината на сезоната и во борбата за титулата. Ред Бул сè уште не коментираше за дополнителните казнени поени што ФИА му ги додели на Макс по трката.