Навивачите кои ги следат мечевите на најпрестижниот тениски турнир, Вимблдон, немаат поим кои тенисери играат на него, но и не го сакаат Новак Ѓоковиќ, покажаа видеата кои се појавија на социјалните мрежи.
На нив, водителот со цел да види дали посетителите на тенискиот комплекс се вистински тениски фанови или лажни навивачи, им поставуваше интересни прашања.
Во првото видео може да се слушне дека пејачките Селена Гомез и Дуа Липа имаат шанса да триумфираат на женскиот турнир, додека во второто видео може да се слушне дека поголем дел од посетителите не го сакаат Новак Ѓоковиќ.
Ова е и прв гренслем-турнир на Аманда Нуњез (УФЦ шампионка која се пензионира минатиот месец).
„Мислам дека ќе оствари добар резултат, има добри шанси“, одговори една посетителка на Вимблдон.
https://twitter.com/i/status/1677300030196051970
Младата шпанска тенисерка Селена Гомез игра тука, дали мислите дека може да ја освои титулата?
„Се надевам, Шпанија има многу фантастични тенисери“.
Дуа Липа е млада суперѕвезда, дали може да дојде до трофејот?
„Мислам дека може да го освои Вимблдон. Тоа што е домашна тенисерка, значи дека ќе има многу навивачи“.
https://twitter.com/i/status/1677643716742225920
Во второто видео, водителот ги прашуваше навивачите за Новак Ѓоковиќ. Иако имаше фанови кои го поддржуваат, поголем дел од нив имаа негативно мислење за српскиот тенисер.
„Не го сакам. Добро е што го депортираа од Австралија и му рекоа дека може да влезе само ако се вакцинира. Не е џентлмен, нема ист однос со навивачите како Рожер и Рафа. Не го сакам како личност“, се поголем дел од коментарите на посетителите на Вимблдон.