31.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

На Вимблдон ќе се игра спектакуларно финале, но и цените на влезниците се „спектакуларни“

Љубителите на тенисот се подготвуваат за спектакуларен финален викенд на Вимблдон, но оние кои планираат да бидат на трибините на најпрестижниот тениски турнир во светот останаа занемени од цените на билетите.

На официјалната страна на турнирор стои дека најефтиниот билет е 370 евра, што е прифатлива цена, но потоа ја добивате поракате дека билетите се веќе распродадени. Доколку се обидете да купите билет по алтернативен пат, односно преку другите страни кои ги продаваат, ќе останете занемени од цените.

На „Виагого“, цената за женското финале е 6.650 евра, додека за машкото неверојатни 20.700 евра. Ништо подобри не се цените ниту на „Вивид ситс“, каде за женското финале цената се движи помеѓу 6.600 и 29.600 евра, додека за машкото финале во недела цената достигнува неверојатни 46.100 евра.

- Оглас -

Најнови вести