На Вимблдон ова се нема случено од 1968 година: Ова е лудо, како да сонувам!

Вистински сензации се случуваат на машиот дел од турнирот на Вимблдон. Американскиот тенисер Кристофер Еубенк, кој е на 43-тото место на АТП-листата, направи големо изненадување откако успеа да го победи петиот тенисер во светот, Гркот Стефанос Циципас.

Американецот победи со 3:6, 7:6 (4), 3:6, 6:4, 6:4 за пласман во своето прво четвртфинале на гренслем-турнирот, и тоа во дебитантскиот настап на Вимблдон. Пред почетокот на Вимблдон, Еубенк покажа дека е во одлична форма победувајќи на АТП-турнирот во Мајорка.

Пред да дојде на Вимблдон, американскиот тенисер имаше осум настапи на грендслем-турнирите, од кои само двапати успевал да го помине првото коло и тоа било на Отвореното првенство на Австралија оваа година и на Отвореното првенство на САД минатата сезона.

„Ова е лудо, како да сонувам. Имав добри и лоши моменти во текот на мечот, а тоа е и логично затоа што првпат играв осминафинале на гренслем. Сепак, бев добар кога најмногу беше потребно“, задоволно коментираше Еубенк.

Освен Еубенк, настап како од бајка има и Русинот Роман Сејфулин. Тој е на 92-рото место на АТП-листата, а ќе игра во четвртфиналето на Вимблдон. Од далечната 1968 година за првпат се случува двајца дебитанти да бидат дел од осминафиналето на Вимблдон.

 

- Оглас -

Најнови вести