На Вимблдон сите цени се поскапени, единствено специјалитетот на турнирот е со иста цена

Неофицијалното светско тениско првенство, популарниот Вимблдон е во полн ек. Турнирот стандардно се одржува на „All England Club терените, а во текот на двете недели на одржување има повеќе од 500.000 фанови.

Сите гледачи кои ќе бидат дел од овој турнир имаат можност да купат некој пијалок или јадење. Според цените, реакциите се дека оваа година цените се поскапи од лани, а единствено иста останала цената на специјалитетот, а тоа се јагодите со шлаг.

Дел од цените на продуктите кои може да се купат на Вимблдон:

Пиво (0,57 литри): од 8.38 до 10 евра.

Шампањ: од 101 до 110 евра.

Џин Тоник во лименка: 11 евра.

Вода: 3 евра.

Сокови: од 2,6 евра до 3,5 евра.

Сендвич зависно од големината и прилозите: од 5 до 14 евра.

Салати: 16 евра.

Суши: од 9 до 17 евра.

Чипс: 2,5 евра.

Гумени бомбони: од 4 до 5 евра.

Сладолед на стапче: 5 евра.

Чоколадо: 3,7 евра.

Овошје (банана, јаболка, праска…): 1,4 евра парче.

Јагоди со шлаг: 2,9 евра.

Неофицијално, за време на турнирот на Вимблдон се јадат околу два милиони јагоди.

- Оглас -

Најнови вести