На Вимблдон за првпат по 1996 ќе нема ниту една од сестрите Вилијамс

Гренслем турнирот Вимблдон годинава ќе биде првиот уште од веќе далечната 1996 година на кој нема да играат ниту Серена ниту Венус Вилијамс. Славните сестри од САД заедно имаат 12 титули на тревата на Вимблдон во сингл, Серена е седумкратна шампионка, Венус, а шест пати победуваа заедно како пар во игра на двојки.

Серена се пензионираше за време на САД опен во 2022 година, а која е две години постара, Венус одигра само два меча оваа сезона и се наоѓа на 516-то место на ВТА листата. Лани таа доби вајлд-карта за Вимблдон и загуби во првото коло.

Венус и Серена се соочија една со друга во четири финалиња на Вимблдон, а Серена освои три.

Венус го имаше своето деби на Вимблдон во 1997 година, додека Серена дебитираше следната година. Оттогаш секоја година до сега, освен во 2020 година кога турнирот беше откажан поради Ковид-19, барем една од сестрите Вилијамс играше на неофицијалното светско првенство во тенис на тревната подлога.

- Оглас -

Најнови вести