На Винисиус во Бразил му се случува тоа што во минатото му се случуваше на Меси во Аргентина

Бразил со лошите резултати во квалификациите си ги искомплицира работите околу директниот пласман на Светското првенство 2026 година, а еден од главните виновници за неуспехот е Винисиус.

Крилниот напаѓач на Реал Мадрид, кој е фаворит следниот месец да ја освои Златната топка, е критикиван во неговата земја за „стерилен дриблинг“, дека се плетка со топката и дека не го гледа голот. Во Бразил се прашуваат зошто има толку голема разлика помеѓу Вини кога игра за Реал и верзијата што ја нуди кога ќе го облече дресот на националниот тим.

Во минатото, пред околу една деценија, истата песна и Лионел Меси мораше да ја слуша од Аргентина. Новинарите и навивачите многу често му префрлаа дека Лео, кој игра супер за Барселона и собира златни топки, не е ни сенка на играчот што играше за Аргентина. Го критикуваа дека шета по теренот. Критките кон Меси спласнаа кога тој почна да освојува трофеи со Аргентина, најпрвин Копа Америка, а потоа и Светското првенство и сега критките засекогаш се замолкнати.

Нешто слично може да се случи и со Винисиус, но мора да почне да дава резултати и само така ќе му биде простено.

„Играњето за Бразил е целосно поразлично од играњето за Реал. Натпреварите во Европа се поразлични од тие тука во Јужна Америка, топката побрзо оди од една на друга страна, терените се побрзи. Треба да се адаптираме. Им се извинувам на навивачите“, рече Винисиус.

 

- Оглас -

Најнови вести