Преговорите помеѓу Баер Леверкузен и Ливерпул за Флоријан Вирц сè уште се во тек. Црвените понудија 135 милиони евра, но Фармацевтите немаат намера да прифатат помалку од 150 милиони евра.
Додека траат натегањата помеѓу клубовите, сè погласни се шпекулациите дека Вирц во Ливерпул ќе ја добие „десетката“, која во моментов му припаѓа на Алексис Мекалистер.
Тоа го натера Германецот да реагира на социјалните мрежи и да напише: „Кој вели дека јас ја сакам ‘десетката’? Јас ги почитувам фудбалерите. Не верувајте во сè што ќе се напише“.
Со тоа Вирц ги демантираше пишувањата дека еден од неговите услови за трансфер во Ливерпул е да ја добие легендарната „десетката“, која во историјата на клубот ја носеле фудбалери како Мајкл Овен, Џејми Реднап, Џон Тошак …