На задоволство на селекторите: УЕФА пред ЕП во Германија промени едно правило

Европската фудбалска куќа, УЕФА, им дозволи на селекторите на репрезентациите кои ќе учествуваат на Европското првенство во Германија да повикаат по 26 фудбалери, три повеќе од она што им беше дозволено до сега, односно 23. Според британските медиуми, на гласањето на националниот совет за натпреварувања е усвоено ова правило, откако тренерите предложија вакво нешто поради густиот распоред и можноста да дојде до повреди кај фудбалерите.

На претходното Европско првенство, УЕФА дозволи проширен ростер на репрезентациите, но тоа беше направено поради пандемијата на Ковид-19. Сепак, сега се чини дека ова правило ќе остане на сила за сите натпреварувања. За да и официјално правилото стапи на сила потребно е официјално да биде одобрено и од Извршниот одбор на УЕФА.

- Оглас -

Најнови вести