Кошаркарската репрезентација на Македонија во раните утрински часови, во 2 часот по полноќ, тргна на пат кон Киев каде веќе утре од 18 часот против Украина го игра вториот натпревар од квалификациите за Светско првенство.
Нема чартер лет, ниту директна линија Скопје-Киев, па нашите најдобри кошаркари најпрвин отпатуваа за Виена, а од австриската престолнина ќе заминат за Киев, каде треба да одржат и еден тренинг во „Дворецот на спортовите“.
И Македонија и Украина претрпеа порази во првите дуели. Македонскиот тим загуби од Шпанија, а Украина од Грузија. Според квотите во Sport Life, Украинците се големи фаворити.