На Жозе не му е сеедно што Јунајтед ќе игра во ЛЕ: Не заслужуваат втора шанса

Тотенхем обезбеди европска пролет уште во претходното коло од Лигата на Европа, но вечерва во директен дуел на домашен терен ќе ги одмери силите со Антверп во битка за првото место во групата Ј.

Без разлика на тоа што Петлите вечерва треба да ја оправдаат фаворитската улога, Жозе Мурињо веќе ги насочи мислите кон нокаут-фазата, а подоцна во натпреварувањето судбината може да го спои со Манчестер јунајтед, клубот кому му ја донесе последната европска титула токму во второто по квалитет континентално клупско натпреварување.

„Тимовите кои доаѓаат од ЛШ, секогаш се квалитетни и логично е да не припаѓаат на Лигата на Европа. Манчестер јунајтед е еден од нив, но имаше тешка група и од претходно се знаеше дека трката за првите две места во нивната група ќе биде неизвесна. Но, од спортска гледна точка, мислам дека не е фер тим што испаѓа од едно натпреварување, да добие шанса во друго натпреварување“, посочи Мурињо.

- Оглас -

Најнови вести