На Зидан му дојде преку глава од шпекулациите, па ги замолкна шпанските медиуми

Поразот на Реал Мадрид од Леванте на домашен терен беше доволен за шпанските медиуми да ги реактивираат шпекулациите дека Зинедин Зидан ќе добие отказ.

На денешната прес-конференција во пресрет на гостувањето кај Уеска, еден новинар се охрабри да го праша Зидан дали ќе ја напушти клупата, по што францускиот стратег остро одговори.

„Дали сте сериозни со тоа прашање? Реал е актуелен шампион, минатата сезона ја освоивме титулата, а не пред 10 години. Да, ние го сторивме тоа. Треба да покажете малку повеќе почит за она што го работиме. Премногу се зборува на таа тема и ми се чини дека е време да преземете одговорност околу тие шпекулации. Сè што имате да кажете, или доколку имате желба да ме избркате од тука, кажете ми го тоа во лице!“, беше краток и јасен Зидан.

Предводникот на Кралевите потоа се надополни дека неговата екипа до крајот на првенството ќе се бори да ја одбрани титулата, и покрај тоа што градскиот ривал Атлетико e во предност од 10 бода.

- Оглас -

Најнови вести