Начевски и Николов ќе го судат мечот за третото место на СП

Македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, нема да бидат дел од големото финале на ракометниот мундијал, но, сепак, ќе учествуваат и на последниот ден од шампионатот.

Тие ќе го судат мечот за третото место, кој денеска во 15 часот ќе го одиграат Франција и Португалија. Ова ќе биде нивниот шести натпревар на Светското првенство, а интересно е што досега по еднаш им суделе и на двете репрезентации.


И Франција и Португалија успеаја да победат на мечевите што им ги судија Начевски и Николов. На Португалците им судеа во главната фаза против Шпанија, кога победија со 35-29, а на Французите во четвртфиналето против Египет, кога славеа со 34-33.

Финалето е закажано за денеска од 18 часот, а за златниот медал ќе се борат репрезентациите на Данска и на Хрватска.

- Оглас -

Најнови вести