Начо првпат во дрес кој не е на Реал Мадрид или на шпанската репрезентација (Фото)

Искусниот и трофеен шпански одбранбен фудбалер, Начо Фернандез, потпиша двегодишен договор со новиот саудиски прволигаш Ал Кадсија.

Начо досега целата клупска кариера како младинец и сениор играше за Реал Мадрид, дури 23 години мина во клубот, па чудно ќе биде да се гледа во дрес кој не е на Кралскиот клуб.

Ако ништо друго, дресот на Ал Кадсија потсетува на тој на шпанската репрезентација за кој Начо игра и на ЕП 2024, а и во новата клупска средина Начо ќе го носи омилениот дрес со бројот 6 на грбот.

- Оглас -

Најнови вести