Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо Фернандес на оригинален начин во стил на шпанските тореадори ја славеше титулата на Реал Мадрид во Ла Лига.
Кралскиот клуб убедливо го победи Еспањол со 4:0 и веќе е недостижен за конкурентите, па имаше голема прослава.
Почна на урнебесен начин на култниот „Сантијаго Бернабеу“ со Начо во главната улога и двете деца што се судрија меѓусебе, па потоа продолжи и на улиците низ Мадрид.
Two children accidentally running into each other in front of Nacho Fernandez from soccer
Реал ја освои 35-та шампионска круна во Шпанија и е убедливо најтрофејниот клуб во земјата, пред Барселона со 26 титули.
Само уште Атлетико Мадрид во Шпанија има двоцифрен број на шампионски пехари, точно 11 на третото место на вечната листа.