Еуфоријата околу Килијан Мбапе во Реал Мадрид го достигнува својот врв. По информацијата дека продажбата на дресови со бројот 9 е огромна и ги надминала сите очекувања на производителот „Адидас“, сега се појави уште еден фасцинантен податок.
Дури 106.612 луѓе поднеле барање да присуствуваат на претставувањето на Килијан Мбапе во вторник напладне на „Сантијаго Бернабеу“. Капацитетот на стадионот е 85 илјади.
Реал на почетокот на јуни објави петгодишен договор со Мбапе. Французинот се пресели во шпанскиот клуб како слободен играч.