Над 7 милиони Германци го гледале дуелот Македонија – Германија

Германската телевизија РТЛ, која синоќа го пренесуваше мечот од Скопје помеѓу Македонија и Германија, објави дека повеќе од седум милиони Германци го следеле на ТВ-дуелот од Арената „Тодор Проески“. Според истакнатите бројки, 7,12 милиони гледачи имало на РТЛ за време на фудбалскиот меч од квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар.

Според РТЛ, во моментите кога бил мечот, дури 26 отсто од луѓето кои гледале телевизија во тие моменти го следеле токму фудбалскиот меч од Скопје.

Колку за споредба, РТЛ пред неколку дена објави дека дуелот на Германија против Романија го гледале 6,86 милиони гледачи, што е помалку од тоа што ја гледале Македонија. Тоа значи дека за Германците, нашата репрезентација им е поатрактивна за гледање, но, за жал, Романија е во пол-позицијат= за второто место во групата кое води во баражот за пласман на Мундијалот.

 

- Оглас -

Најнови вести