20.8 C
Skopje
четврток, 11 септември 2025

Над половина од прогнозерите типуваат „икс“ на дербито Јуве – Интер

Помина половина од рокот за учество во првото коло од осмата сезона на Спортската прогноза. Типувањето трае до сабота во 15 часот, не вложувате ништо, а може да добиете многу.

Оној прогнозер кој ќе успее да ги погоди сите 13 фикса од главната понуда ќе си добие подарок мобилен телефон iPhone 16. Учеството во Спортската прогноза е бесплатно, потребно е само да имате СЛ Клуб картичка.

Во понудата има 13 меча, од кои две големи дербија. Манчестер сити го пречекува градскиот ривал јунајтед, а според тоа што досега одиграле прогнозерите, дури 75,3 отсто веруваат дека ќе биде „кец“, додека во Ѓаволите веруваат малку повеќе од 11 отсто од оние што досега се изјасниле.

За италијанското дерби меѓу Јувентус и Интер најголем дел од прогнозерите (51,1 проценти) мислат дека ќе заврши нерешено, а останатите се поделени, 23,2 отсто за Јуве, 25,6 отсто типуваат победа на Интер.

Прогнозирајте, има подароци и за тие со 11 и 12 погодоци. За 12 погодоци и една утка се добива ваучер од Sport Life во вредност од 1.000 денари, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.

Важно е да се погодат и двата резервни пара кои се пресметуваат во билансот за генералниот пласман.

- Оглас -

Најнови вести