Рафаел Надал се пласираше во полуфиналето на Отвореното првенство на САД откако рано утрово, многу лесно, со 3:0 во сетови го победи Диего Шварцман. Шпанецот го доби првиот сет со 6:4, во вториот беше 7:5, а противникот како да се предаде во третиот сет, кој заврши со 6:2, за пласман на фаворитот меѓу најдобрите четворица, на последниот Гренд слем за годината.
Трикратниот освојувач на Отвореното првенство на САД покажа дека има сила и дека нема да дозволи изненадување какво што вчера му се случи на Роџер Федерер, кој беше елиминиран од Григор Димитров.
„Диего играше одлично. Требаше да одиграм најдобро што знам за да поминам во следната рунда“, рече Шпанецот, кој стигна до 33-тата победа во четврт-финале на Гренд слем турнир.
Следен ривал на Шпанецот ќе биде Матео Беретини, играч кој никогаш претхоно не играл во полуфинале на Гренд слем турнир. Младиот италијански тенисер синоќа во меч со пет сета го победи Гаел Монфис.