Надал 15-та година по ред ќе игра на завршниот АТП турнир

Со пласманот во полуфиналето на Вимблдон, Рафаел Надал е првиот тенисер кој обезбеди учество на завршниот турнир на АТП, кој годинава ќе се одржи во Лондон од 10 до 17 ноември. За Шпанецот ќе биде 15-то последователно учество на турнирот, што е апсолутен рекорд.

Надал лесно го совлада Американецот Сем Кереј по три сета и обезбеди епска битка против стариот ривал Роџер Федерер во полуфиналето на Вимблдон. Тој дуел ќе се одигра денес, со почеток во 16 часот, а два часа претходно силите ќе ги одмерат Новак Ѓоковиќ и Роберто Баутиста Агут во второто полуфинале.

Србинот може да биде вториот тенисер кој деновиве ќе обезбеди пласман на завршниот турнир на АТП доколку ја одбрани титулата во третиот овосезонски Гренд слем.

- Оглас -

Најнови вести